Реал има добар новогодишен план – Го нуди Јовиќ во замена за Левандовски

Реал Мадрид има убав новогодишен план, а целта е конечно на „Сантијаго Бернабеу“ да го доведе човекот што им даде пет гола на еден меч. Роберт Левандовски е најголемата желба на најтрофејниот европски клуб, а планот е да се понуди Лука Јовиќ и пари за да се ангажира полскиот репрезентативец.

Левандовски веќе подолг период е голема желба на претседателот на Реал Мадрид, Перез, а незаборавен е неговиот покер голови на меч против Реал Мадрид во Лигата на шампионите, како фудбалер на Борусија Дортмунд.

Сега е член на Баерн Минхен, игра во избвонредна форма, па прашање е дали Баварците ќе се согласат на трампа Левандовски за Јовиќ, плус одредена сума на пари што кралскиот клуб е подготвен да ја вклучи во пакетот за ангажман на полскиот репрезентативец.

- Оглас -

Најнови вести