Фран Гарсија во петокот се поздравил со соиграчите од Реал Мадрид и најавил дека потпишува за премиерлигашот Борнмут, но се случил пресврт. Флорентино Перес се откажал од трансферот, бидејќи раководството на клубот смета дека левиот бек е потребен на екипата, па „кралевите“ неочекувано добија нов проблем.
Ваквата одлука не била добро прифатена од самиот фудбалер, кој се налутил и бил разочаран бидејќи во Реал Мадрид не добива минутажа, а во Борнмут го чекаа со раширени раце.
Преодниот рок во Европа заврши, па јасно е дека Фран Гарсија ќе мора најмалку до лето да остане на „Сантијаго Бернабе“ и да се бори за минутажа, а на неговата позиција како конкуренција ги има Карерас, Менди и Камавинга.

