Реал има за што да жали што кога ќе видите што промашија Кралевите во 92 минута (Видео)

Реал Мадрид и петти пат по ред на гостувањето кај Вилјареал одигра нерешено. Овојпат дуелот заврши без голови, а гостите се тие кои беа поблиску до победата. Кралевите напаѓаа, создаваа шанси, но не успеаа да ја затресат мрежата на Жолтата подморница.

Посебно неверојатно е што Реал промаши во 92 минута. Лука Јовиќ избегна една офсајд „стапица“ излезе сам пред голманот и се обиде да лобува. Топката удри во пречката, дојде до Начо кој шутираше, но еден домашен играч блокираше на самата гол линија.

- Оглас -

Најнови вести