Вилјареал и Реал слепо си ја следат традицијата, петти меч по ред во Валенсија играат нерешено

Стотиот лигашки натпревар во Шпанија на Карло Анчелоти заврши без голови, Реал Мадрид на гостувањето кај Вилјареал одигра 0-0, во предиграта за дуелот со Пари Сен Жермен во Париз.

Иако Кралскиот клуб е најефикасен гостин, а Вилјареал најефикасен домаќин, не си постигнаа гол. Кај Реал, првпат после 167 дена стартер беше Герет Бејл. Тој беше сменет во второто полувреме од Лука Јовиќ, а Србинот можеше да се прослави во 91-ва минута, кога ја погоди пречката.

Ова е дури петти нерешен исход по ред на овие две екипи на нивните пресметки кога домаќин била Жолтата подморница, но претходните четири имаше голови. Вилјареал има серија од 25 меча по ред без победа против Реал, Барселона и Атлетико Мадрид.

Со освојувањето на еден бод, Реал сега има четири бода предност во однос на второпласираната Севилја.

- Оглас -

Најнови вести