Реал Мадрид може да биде еден од најактивните клубови во зимскиот преоден рок кој започнува на 1 јануари. Според најавите во шпанска „Марка“, сè поизвесно е дека на „Сантијаго Бернабеу“ ќе пристигне големиот талент од Борусија Дортмунд, Џад Белингам.
„Реал Мадрид го гледа Белингам како најважен играч за иднината и сака да го доведе во своите редови пред да се појават други клубови за негов интерес. Првичниот план беше да го доведат во летниот преоден рок, но работите сега се променија и лесно може да се случи Белингам уште во јануари да пристигне во Мадрид“, пишува „Марка“.
Борусија Дортмунд за англискиот репрезентативец бара 100 милиони евра и најавите се дека Милионерите нема да прават проблем околу трансферот доколку се најде клуб што ќе ги плати браните средства.
Белингам во Борусија дојде во летото 2020 година од Бирмингам за сума од 25 милиони евра, што значи дека само за две и пол години неговата вредност е зголемена за четири пати. Тинејџерот кој има само 19 години, веќе има одиграно 112 мечеви во дресот на Борусија и е со биланс од 19 голови и 21 асистенција.