Реал ќе купува напаѓач во јануари

На гостувањето кај Бетис, по повредата на Карим Бензема, кој го скрши малиот прст на раката, Реал остана само со еден напаѓач, младиот Кристо. Клуб кој е европски првак не смее да си дозволи да нема квалитетен резервен напаѓач и затоа веројатно ќе ја зголемат конкуренцијата.

Се шпекулира дека Реал во јануари ќе обиде да го земе Мауро Икарди, а доколку не успее, втора опција е Кжиштоф Пјонтек, кој би можел да игра и во Лигата на шампионите. Ако не го земат ниту Полјакот, тогаш останува опцијата да го донесат 18-годишниот Бразилец Родриго од Сантос, кој веќе потпиша за Реал, но треба да се приклучи налето.

Реал има уште две недели да одлучи што ќе прави. Во 2011 итно купија напаѓач, Адебајор, кога Игуаин имаше операција од хернија.

Клубот го има и Маријано Дијас, кој многу ретко игра, а во моментов и тој е повреден, па кога се повреди Бензема, останаа само со младинците Кристо и Винисиус. Французинот веројатно нема да може да игра в недела, во дербито против Севилја.

- Оглас -

Најнови вести