23.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025

Реал Мадрид без десетмина фудбалери ќе ја пречека Мајорка

Реал Мадрид има заостанување од седум бода зад Барселона на три кола пред крајот на Ла Лига и има само теоретски шанси за одбрана на титулата. Треба да се случи чудо за Каталонците да останат без трофејот, а во прилог им одат и големите проблеми кои ги има Карло Анчелоти со составот.

Дури десетмина фудбалери нема да бидат дел од екипата која ќе ја пречека Мајорка во меч од Ла Лига, кој ќе се одигра утре.

На дуелот против Барселона се повредија Винисиус и Лукас Васкес, а нема да игра ниту Родриго, кој по кус разговор со Анчелоти, го напуштил денешниот тренинг на Кралевите. Нема информација дали Бразилецот е повреден или не е задоволен од статусот, а веќе сè погласно се шпекулира дека на крајот од сезоната и тој ќе го напушти Мадрид.

Од претходно се повредени: Алаба, Камавинга, Карвахал, Милитао, Менди, Ридигер и Чуамени, па Карло Анчелоти навистина ќе има големи проблеми да ги состави стартните единаесетмина на Кралевите за дуелот против Мајорка.

- Оглас -

Најнови вести