Во Реал Мадрид детектираа дека најголем проблем им е што немаат играч за врска од типот на Тони Крос, а управата и тренерот Чаби Алонсо имаат различни мислења околу тоа кој играч треба да биде донесен.
Алонсо би донел и поевтин играч кој не е светска ѕвезда, но Реал не се согласува со тоа. Проблемот е што фудбалерите што ги сакаат им се прескапи. Прв на листата на желби им е Шпанецот Родри, но би го купиле догодина, прво сакаат да видат сезонава како ќе игра „Златната топка“ од Манчестер сити, кој имаше долга пауза поради тешка повреда на коленото.
Договорот на Родри со Сити е до 2027 година и затоа ако го помине „кастингот“, Реал не сега, туку следното лето би тргнал по него, пред да му почне последната година од договорот. Но, проблематични се две работи: Реал во последно време обично не купува „стари“ играчи, а Родри ќе има 30, и како тој да прифати да игра за клуб кој го бојкотираше при добивањето на Златната топка и како да биде во ист тим со Винисиус, против кого пееше песни при прославата на наградата.