Бразилскиот интернационалец Винисиус и официјално го продолжи својот договор со Реал Мадрид, соопштија од клубот. Тој ќе го носи дресот на Кралскиот клуб најмалку до 2027 година, а беше доведен од Фламенго во 2018 година за 45 милиони евра.
Првите две сезони беше во сенка на големите ѕвезди на Реал Мадрид и мина период на адаптација, но сега е еден од главните фудбалери на Кралскиот клуб, а за тоа говори и шестото место на доделувањето на Златната топка. Последните две сезони во дресот на Реал Мадрид успеваше да постигне најмалку по 20 гола и да запише најмалку по 20 асистенции.
Винисиус од 2018 до денес за Реал Мадрид одигра вкупно 235 натпревари на кои постигна 63 гола, а освои и девет трофеи.