Реал Мадрид е најдобар во Топ-5 лигите во една важна статистичка категорија

Реал Мадрид со 2:1 славеше на гостувањето кај Гранада во меч на кој Кралскиот клуб дојде само на еден чекор до освојување на титулата во Примера дивисион. На две кола до крајот, Реал има четири бода пред Барселона и потребно е само уште еден триумф за голема радост на најтрофејниот шпански клуб.

На синоќешниот дуел, Ферлан Менди го доведе Реал во водство, а потоа погоди и Бензема, а домаќините успеаја само да постигнат почесен гол. Погодокот што Менди го даде против Гранада беше посебен за Реал затоа што Кралевите станаа првиот клуб во Топ-5 лигите што може да се пофалат дека имаат дури 21 различен стрелец сезонава.

Некогашниот играч на Олимпик Лион веќе неколку мечеви е стандарден во дефанзивната линија, откако го замени повредениот Марсело.

„Играта на Менди воопшто не ме изненади. Јас инсистирав тој да дојде во клубот и знаев за каков талент се работи. Не можам да го споредувам со Марсело затоа што Марсело си е Марсело, а Менди си е Менди“, рече по синоќешниот меч Зинедин Зидан.

Во целата историја на Реал Мадрид, сега има вкупно 408 различни стрелци на погодоци во Примера дивисион.

 

- Оглас -

Најнови вести