Девет од девет за Реал во посткорона ерата – На шпанските кралеви им се поклони и Гранада (Видео)

Реал Мадрид го продолжи страшниот победнички поход во Ла Лига и со триумфот против Гранада од 2:1 стигна на чекор до титулата.

Ферланд Менди со прекрасен гол од тежок агол во 10-тата минута ја најави деветтата победа по ред на Реал Мадрид и десетта во низа против Гранада.

https://twitter.com/DrTahha/status/1282770393934241794?s=20

Карим Бензема денеска играше, иако има повреда на раката, а постигна многу значаен гол во 16-тата минута за 2:0 за Реал, со што Кралскиот клуб најави сигурна победа и на „Лос Карменес“. На девет меча во посткорона ерата, или од рестартот на сезоната во Ла Лига, Реал има само победи.

https://twitter.com/cagetheblink/status/1282771326135083009?s=20

Гранада успеа да намали со голот на Мачис во 50-тата минута, се обиде да се закани до крајот на мечот, но не успеа да освои бод(ови) што ќе ја доближи до позиции за настап во Лигата на Европа.

На две кола до крајот на Ла Лига, Реал Мадрид има 83 бода на првото место, пред Барселона со 79. Во следното коло на „Алфредо ди Стефано“ во Мадрид против Вилјареал десетта победа по ред ќе го круниса најтрофејниот шппански клуб во нов шампион.

- Оглас -

Најнови вести