Вистински скандал предизвикаа од Реал Мадрид кога ја бојкотираа манифестацијата на доделувањето на Златната топка која му припадна на Родри од Манчестер сити. „Кралевите“ сметаа дека нивнито фудбалер, Винисиус, ја заслужува оваа награда, па воопшто никој од клубот не се појави на церемонија, а целата ситуација дополнително се вжешти со изјавите кои ги даваа од таборот на Реал Мадрид.
Токму затоа неверојатно звучи вестта која ја пренесуваат шпанските медиуми, а која вели дека раководството на Реал Мадрид ќе тргне по потписот токму на Родри. Фудбалерот во моментов е повреден, но има договор до 2027 година со „граѓаните“, па од Реал Мадрид ќе треба сериозно да го одврзат кесето, со оглед дека неговата вредност во моментов се проценува на 130 милиони евра иако е повреден.
„Кралевите“ не се на посакуваното ниво оваа сезона, иако се уште имаат шанси да дојдат до трофејот во Ла Лига и во шпанскиот Куп. Сепак, очекувањата беа ќе го одбранат трофејот во Лигата на шампионите, а во домашното првенство ќе бидат доминантни.
Како најголем проблем се смета средниот ред и тоа после заминувањето во пензија на Тони Крос, а „кралевите“ се уште се обидуваат да го решат тој проблем. Едно од решенијата е токму ангажманот на Родри, што би било вистинска трансфер бомба доколку навистина се случи.