Еден од клучните фудбалери во најголемите успеси на Манчестер сити, Родри, има уште помалку од две години од актуелниот договор, според кој заработува по 250.000 седмично, односно по еден милион евра месечно.
Реал Мадрид веќе чека од заседа и наредното лето планира да испрати понуда, а подготвени се да чекаат и до летото 2027 година, па да го добијат бесплатно. Флорентино Перес во него гледа фудбалер кој недостасува во сложувалката која треба да владее со Европа.
Токму затоа раководството на Манчестер сити тргнува во офанзива за продолжување на договорот бидејќи не сакаат да ризикуваат и Родри да влезе во последните 12 месеци од договорот, кога веќе ќе смее и да преговара со други екипи. Шпанецот речиси сигурно ќе добие и многу повисока плата, а раководството на Граѓаните нема намера да се откаже од неговите услуги, а целата работа околу новиот договор треба да биде завршена најдоцна до зима.
Дваесет и деветгодишниот Родри во Манчестер сити пристигна во 2019 година од Атлетико Мадрид за 70 милиони евра.