Реал Мадрид го купи и јапонскиот Меси (Видео)

Реал Мадрид официјално објави дека е потпишан договор со јапонскиот мега-талент Такефусо Кубо. Овој 18-годишен играч во следната сезона ќе биде дел од Кастилја, тимот кој е познат и како Реал Мадрид Б.

Досега Кубо ги бранеше боите на ФК Токио. На 13 меча во шампионатот на Јапонија, тој даде 4 гола. На 9 јуни дебититраше за националниот тим, а ќе биде дел од „самураите” и на Копа Америка.

Реал и Кубо се обврзаа на петгодишна соработка, а годишната плата на Јапонецот ќе му биде 1,2 милиони евра. Кубо го нарекуваат јапионскиот Меси, бидејќи игра со левата нога, низок е, многу брз, има одличен дриблинг. Тој беше член на Барса како малолетен, и е еден од виновниците (неговото доведување во Барселона било нелегално) што каталонците добија забрана за трансфери во 2014 година.

Кубо имаше понуда да се врати кај каталонците, го бараа и Манчестер сити, ПСЖ и Баерн, но го избра Реал.

 

- Оглас -

Најнови вести