20.8 C
Skopje
сабота, 23 август 2025

Реал Мадрид го обезбеди најголемото засилување во последните неколку сезони

Давид Алаба уште пред неколку месеци најави дека си заминува од Баерн Минхен, но досега не беше познато каде планира да ја продолжи кариерата. Според германскиот „Скај“, а потоа и од уште неколку други медиуми, Алаба веќе се договорил да потпише за Реал Мадрид.

Познати се и делатите од договорот, кој официјално треба да биде потпишан за неколку недели. Алаба ќе потпише петгодишен договор кој ќе го обврзе да остане во Реал до 2026 година. Со овој договор, Реал ја доби битката со најголемиот ривал Барселона затоа што и Каталонците беа заинтересирани за австрискиот репрезентативец.

 

- Оглас -

Најнови вести