Реал Мадрид потешко од очекувањата стигна до победа од 2:0 во дуелот против Валјадолид, во рамките од второто коло на шпанското првенство. За кралскиот клуб ова е прв триумф сезонава, откако во првото коло ремизираше на гости кај Мајорка.
Валјадолид во првото полувреме успеа да одолее на нападите на шампионот и беше 0:0 по првите 45 минути. Сепак, на почетокот од вториот дел Валверде со силен шут по еден слободен удар донесе водство за Реал Мадрид.
https://twitter.com/i/status/1827741250092425334
До самиот финиш беше неизвесно, а тогаш Брахим Дијаз со гол во 88 минута донесе предност од 2:0 за Реал и веќе немаше дилеми дека трите бода ќе останат за домаќинот на „Сантијаго Бернабеу“.
Младиот 19-годишен Бразилец Ендрик кој во игра влезе на местото на Килијан Мбапе во 86 минута, ги постави конечните 3:0 и тоа со гол во 95 минута. Навивачите очекуваа Мбапе во првиот меч на Сантијаго Бернабеу да погоди, но наместо тоа, Ендрик кој одигра само неколку минути погоди.