Реал Мадрид го посакува аргентинското чудо од дете како заменик за Бензема

Хулијан Алварес, или попознат како аргентинското чудо од дете, го сврте вниманието со своите партии во дресот на Ривер плејт.

Алварес е на радарот на голем број европски великани, меѓу кои и Реал Мадрид.

На досегашните 16 натпревари во аргентинската лига, тој има 15 голови, што е навистина голем подвиг ако се знае дека таа лига важи за една од најтешките и најизрамнетите во Јужна Америка, па и светот.

Интересно е што Алварес, кој има 21 година, своевремено бил на проба во Реал Мадрид, но тамошните скаути одлучиле дека не е добар.

Се споменува цифра од околу 30 милиони евра за играчот кој се наведува дека во наредните години ќе го замени маестралниот Карим Бензема.

- Оглас -

Најнови вести