27.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Реал Мадрид гостува кај тимот кој стана шампион без ниту еден пораз

Реал Мадрид вечерва ја започнува новата сезона. Кралскиот клуб го игра првиот подготвителен меч и тоа во Глазгов против Ренџерс. Шкотскиот гигант по пауза од 10 години стигна до титулата во домашното првенство и тоа на доминантен начин, без ниту еден пораз.

Сепак, вистинската сила на Ренџерс треба да се види токму во дуел со еден ваков ривал како што е Реал. Мадриѓани на овој меч ќе бидат без најдобриот стрелец Карим Бензема, кој е заразен со Коронавирусот, а ќе отсуствуваат и неколку други ѕвезди, како што се Давид Алаба, повратникот во тимот Герет Бејл, како и искусните Лука Модриќ, Тони Крос…

Ова ќе биде и прв меч за новиот тренер на Реал, Карло Анчелоти. Легендарниот италијански стратег беше во Реал во периодот од 2013 до 2015 година кога стана и европски и светски првак, а сега целта повторно е иста, да се освојуваат трофеи.

Освен мечот во Глазгов, денеска се играат уште неколку интересни контролни дуели во кои ќе се сретнат: Рома – Дебрецен,  Бенфика – Олимпик Марсеј и Спортинг Лисабон – Олимпик Лион.

 

- Оглас -

Најнови вести