Реал Мадрид и Арсенал во среда ќе го одиграат реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите, по што ќе биде познат патникот во полуфиналето, а големи шанси има тоа да бидат Топчиите, кои славеа со убедливи 3-0 на првиот меч.
Сепак, овие две екипи ќе водат голема битка и налето, на трансфер-пазарот, бидејќи се заинтересирани за ист фудбалер. Се работи за 26-годишниот Мартин Зубименди од Реал Сосиедад. Кралевите во него гледаат замена за Лука Модриќ, додека Арсенал планира да ја активира откупната клаузула и да плати 60 милиони евра за неговиот потпис.
Во моментов Микел Артета, тренерот на Арсенал, се обидува да го убеди Баскиецот дека најдоброто за неговата кариера ќе биде се пресели во Лондон.
Мартин Зубименди целата своја кариера ја мина во Реал Сосиедад, а за репрезентацијата на Шпанија одигра 15 натпревари.