12.8 C
Skopje
среда, 8 октомври 2025

Реал Мадрид и Барселона во трка за германски репрезентативец

Шпанскиот гигант Реал Мадрид се вклучува во трката за потписот на дефанзивецот на германската репрезентација и фудбалер на Борусија Дортмунд, Нико Шлотербек. Според информациите на „Билд“, Кралевите внимателно ја следат ситуацијата околу централниот бек, чиј договор истекува во летото 2027 година.

Весникот наведува дека Мадрид е во позиција да ѝ конкурира на Барселона, уште еден клуб кој покажува интерес за 25-годишниот фудбалер. Засега, сепак, Каталонците немаат поднесено официјална понуда до Борусија.

Во Дортмунд, пак, се оптимисти дека ќе успеат да го задржат Шлотербек и да го продолжат неговиот договор до 2030 година.

Реал Мадрид се насочува кон Шлотербек поради нестабилните настапи на Раул Асенсио, како и поради тоа што договорите на Антонио Рудигер и Давид Алаба истекуваат на крајот од сезоната.

- Оглас -

Најнови вести