Реал Мадрид и Манчестер сити ќе победат за сигурен пласман во следната фаза од ЛШ

6005 Манчестер сити – Борусија Менхенгладбах (21 ч.)

Нема многу дилеми дека англискиот премиерлигаш ќе оди во четвртфиналето од Лигата на шампиони. Сити треба да рутински да го одработи овој меч против тимот кој е во очајна форма. Борусија Менхенгладбах има седум порази и едно реми во последните осум дуели, во сите натпреварувања.

Интересно е што овие два тима во изминативе пет сезони одиграа пет меча во ЛШ, а Сити е доминантен со четири победи и само едно реми. На домашен терен Сити два пати победил без проблеми со по четири дадени гола (4:2 и 4:0).

Предлог тип: 1&4+ (2.75)

 

6006 Реал Мадрид – Аталанта (21 ч.)

Шпанскиот првак има одлична залиха од 1:0 по првиот дуел во Бергамо, а фактот што во составот се врати и капитенот Серхио Рамос, ќе ја зголеми самодовербата во одбраната. Аталанта на првиот меч повеќе од 70 минути играше со фудбалер помалку и немаше рамноправна борба.

Калчолигашот е познат како една од екипите кои играат најнапаѓачки фудбал, па сигурно нема да се предадат без борба.

Предлог тип: 1&3+ (3.10)

 

1015 Ротерам – Ватфорд (20 ч.)

Гостите се на посакуваното второ место во Чемпионшип, но мора да победува ако сака да ја задржи предноста пред Свонси и Брендфорд. Ротерам е вториот најслаб домаќин кој освои само 15 бода во 16 меча и загуби четири пати од последните пет средби.

Неверојатна е традицијата која вели дека Ватфорд има четири победи и едно реми на последните пет меча со Ротерам, а Ротерам во овие пет дуели нема дадено ниту еден гол.

Предлог тип: 2 (1.80)

 

3015 Емполи – Порденоне (19 ч.)

Дуел на двете екипи кои се експерти за нерешени резултати сезонава. Емполи дури 14 пати одигра нерешено, а Порденоне има 13 средби без победник. Двете екипи играат цврста одбрана и најважно им е да не примат гол.

Емполи има само еден пораз на последните 24 меча, а во есенскиот меч на овие две екипи беше 0:0. Реално домаќинот кој е и лидер во Серија Б е фаворит, но фактот дека ова е меч на два спиецијалисти за нерешено, дава доза на претпазливост.

Предлог тип: 1Х&0-2 (2.03)

 

1968 Бешикташ – Басакшехир (18:45 ч.)

Дуел кој треба да го даде првиот финалист во Купот на Турција. Пред само три дена Бешикташ со 3:2 победи на гости кај Басакшехир во првенството, три поени со кои истанбулскиот гигант остана лидер на табелата.

Басакшехир е во зоната за испаѓање и ќе биде чудо ако успее да се пласира во финалето. Бешикташ има шест победи во низа и вечерва треба да се радува на пласман во финалето, во меч со повеќе голови.

Предлог тип: ГГ3+ (2.45)

Вчера ги погодивме сите пет предлози од Типстерски совети, а потоа и од Полноќен експрес, што е доказ дека треба да ги следните предлозите и да уплаќате во Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести