ПЕРФЕКЦИЈА: Ви понудивме 10 меча и сите ги погодивме со вкупен коефициент 326.2!

Перфекција од 10 предлози и 10 погодени имавме вчера во двата посебни тикети кои традиционално ги даваме како дневни и вечерни совети за типување во Sport Life. Утринските Типстерски совети кои се наменети за фудбалските мечеви беа гез грешка и сите пет пара беа погодени.

Ливерпул победи со 1:0 на гости кај Вулверхемптон со голот на Жота во 45 минута, за погодени Х2&1+ прво полувреме. Барселона на полувремето водеше со 2:1 против Уеска, а конечните 4:1 беа само потврда за 1-1&2+. Бриж убедливо со 4:0 победи на гости кај Гент, а сите четири погодоци беа постигнати во второто полувреме, па точен беше и типот Х2&0-1 прво полувреме.

Во Португалија, Фамаликао и Брага одиграа 2:2, а нашиот тип беше дека гостите ќе дадат меѓу 2 и 4 гола. За погодени 5 од 5 прогнози се погрижија Сент Паули и Падерборн кои одиграа 0:2 (0:1), за погоден тип 0-1 I & 0-2 II. Вкупната квота на петте меча кои ги понудивме како утрински совет изнесуваше 20.49 што значи дека за само 50 вложени денари, добивката ќе изнесуваше 1.000 денари.

БЕЗ ГРЕШКА И НА ПОЛНОЌНИТЕ НБА И НХЛ МЕЧЕВИ

Успешните вчерашни предлози продолжија и со Полноќниот експрес, кој најчесто е наменет за дуели од американските професионални лиги. Овојпат имавме пет предлози од НБА и НХЛ и сите пет беа погодени. Милвоки славеше на гости кај Вашингтон со 133:122, а нашиот предлог беше дека ќе има над 237,5 поени. На крајот беа постигнати 255 поени. Бруклин го победи Њујорк со 117:112, но тоа беше доволно да биде „двојка“ со хендикеп од 11,5 поени, односно гостите да не загубат со таа двоцифрена разлика.

Од хокејарската лига на САД, одигравме три меча и сите беа погодени. Вашингтон го победи Бафало на гости и тоа убедливо со 6:0 за чиста „двојка“. Флорида со 6:3 се радуваше против Чикаго за победа на домаќините и „кец“, а погодено беше дека ќе има над 5,5 погодоци на дуелот Калгари – Едмонтон. На крајот дуелот заврши 4:3.

Вкупната квота на петте полноќни дуели изнесуваше 15.91. 

ОД ДЕСЕТТЕ МЕЧА СЕ ДОБИВА ВКУПЕН КОЕФИЦИЕНТ ОД 326.2!

Ако се соберат сите 10 понудени предлози и погодените нивни коефициенти се добива одличен вкупен коефициент од 326.2, односно за 50 вложени денари, добивката би изнесувала16.310 денари.

Денеска следуваат нови предлози на Типстерски совети и Полноќен експрес, затоа читајте Спорт Манија и уплаќајте во Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести