Реал Мадрид и Наполи со нови победи само потврдија зошто се во четвтфиналето од Лигата на шампионите (Видео)

Екипите на Реал Мадрид и Наполи се последните патници во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Овие две екипи вечерва на домашен терен против Ливерпул и Ајнтрахт Франкфурт само потврдија дека се подобри и заслужено се дел од најдбрите осум во Европа.

Реал Мадрид со голот на Карим Бензема во 79-тата минута славеше на „Сантијаго Бернабеу“ против Ливерпул, а на овој резултат ако се додадат и оние 5:2 од првата средба, Кралскиот клуб оди понатаму со вкупни 6:2.

Наполи на свој терен убедливо со 3:0 го победи Ајнтрахт Франкфурт, а ако на овој резултат се додаде и победата од 2:0 во првите 90 минути, италијанскиот тим победи со вкупни 5:0.

Виктор Осимен даде еден гол во првото и еден погодок во второто полувреме, а точка на мечот стави Зјелински со погодок од пенал. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во игра влезе во 74-тата минута и ги одигра последните 15 минути на средбата.

- Оглас -

Најнови вести