12.8 C
Skopje
понеделник, 17 ноември 2025

Реал Мадрид има само еден претставник на церемонијата за Златната топка

Реал Мадрид повторно ќе ја бојкотира вечерната церемонија за доделување на Златната топка во Париз, пренесува „Марка“.

Причината, како што е познато, се нарушените односи меѓу Kралскиот клуб и магазинот „Франс фудбал“ поради минатогодишното игнорирање на Винисиус јуниор во трката за најпрестижното индивидуално признание во фудбалот.

Во јули претставници на француското списание имале средба со Реал Мадрид, но таа не дала позитивен резултат. Затоа ниту еден играч од машкиот состав на Кралевите нема да биде присутен на вечерашната свеченост, уште повеќе ако се земе предвид дека во вторник тимот го очекува дуел со Леванте.

Сепак, клубот ќе има еден претставник во Париз, фудбалерката од женскиот тим, Каролин Веир. Шкотланѓанката е единствената номинирана од Реал Мадрид за женската верзија на Златната топка, па по сопствена иницијатива решила да пристигне на церемонијата.

На крајот, таа заврши на 30-тото место на финалната листа за наградата. Нејзината соиграчка Линда Каиседо, иако е меѓу кандидатките за признанието за најдобра млада фудбалерка, не отпатувала во француската престолнина.

- Оглас -

Најнови вести