Реал Мадрид критикува: Барселона нечесно го регистрираше Олмо и ја има поддршката на судиите

Клупската телевизија на Реал Мадрид објави прилог во кој, веќе по три кола од шпанското првенство, жестоко ги критикуваат судиите и раководството на Шпанската фудбалска федерација. Од Реал Мадрид тврдат дека веќе неколкупати биле оштетени, додека пак Барселона, која е прва на табелата, добива погодности.

Во прилогот на Реал Мадрид ТВ се допира и до ситуацијата со Дани Олмо, кој беше регистриран откако клубот дознал дека поради повреда ќе му недостасува стоперот Андреас Кристенсен два до четири месеца. Олмо постигна гол за победа во натпреварот против Рајо Ваљекано, што им даде дополнителен повод на челниците на Реал Мадрид да се пожалат дека ги „крадат“.

Кралскиот клуб се жали на нечесност.


„На нашиот најголем ривал му беше простен очигледен црвен картон кој го заслужи Кубарси на „Месталја“, а нам не беше доделен пенал против Мајорка. Не се виновни нашите противници, туку оној кој тоа го дозволува. Барселона доби дозвола да регистрира играчи, а како оправдување го користи фактот дека им се повредил еден играч.

Ова се покажа како клучно на „Ваљекас“ синоќа. Реал Мадрид мора да плови во ова море полно со нечистотија. На натпреварот меѓу Барселона и Рајо, судиите не го признаа голот на домаќините бидејќи беше досуден фаул над Кунде.

Коментаторите рекоа дека не виделе контакт. Реал Мадрид мора да се бори против вакви работи. Вакво натпреварување нема смисла. Како да сме лига од третиот свет“, се вели во прилогот кој претходеше на прес-конференцијата на тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти.

- Оглас -

Најнови вести