Реал Мадрид, Манчестер сити и Ал-Хилал вечерва ќе победат на клупскиот Мундијал (Фото)

Пет нови натпревари се дел од понудата со Квотите на денот во Sport Life. Очекувано, четири од нив се од Светското клупско првенство, додека еден меч е од Летонија. Вкупната квота на петте предлози изнесува 50.5, додека поединечно квотите се движат помеѓу 1.95 и 2.45.

Фудбалерите на РФС ја имаат фаворитската улога на гостувањето кај Јелгава, па од нив се очекува да одиграат ефикасно. Квотата од 2.15 ќе биде добитна само ако гостите постигнат помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме.

Ефикасен меч се очекува и од екипите на Видад Казабланка и Ал-Аин. Понудената квота од 2.05 ќе биде добитна само ако се затресат двете мрежи, но и ако биде постигнат барем еден гол во првото полувреме.

Јувентус и Манчестер сити играат за првото место во групата на клупскиот Мундијал, а квотата од 2.45 ќе биде добитна само ако „граѓаните“ победат, но и ако има најмалку еден гол во првото полувреме.

Ал-Хилал ја има фаворитската улога во мечот против Пачука, па квотата од 2.40 ќе биде добитна ако го оправдаат тоа на терен во натпревар на кој ќе има голови и во двете полувремиња.

Реал Мадрид со победа над Салцбург треба да го потврди местото помеѓу најдобрите 16 екипи на Светското клупско првенство, а квотата од 1.95 ќе биде добитна само ако „кралевите“ имаат водство на полувремето и на крајот победа, но и ако бидат постигнати најмалку два гола на целиот меч.

- Оглас -

Најнови вести