6721 Јувентус – Видад Казабланка (18:00)
Јувентус со 5-0 славеше над Ал-Аин на првиот меч на Светското клупско првенство во САД, па со победа над Видад Казабланка ќе го потврди пласманот во осминафиналето. „Старата дама“ е голем фаворит против екипата од Мароко и поради формата во која се наоѓа, а тоа е шест меча без пораз, но и три победи на последните три меча.
Предлог тип: 1 & 3+ (2.05)
6720 Реал Мадрид – Пачука (21:00)
Реал Мадрид неочекувано одигра само 1-1 против Ал-Хилал во првото коло од клупскиот Мундијал, па вечерва нема право на нов кикс. Се освен убедлива победа на мексиканска Пачука ќе биде големо изненадување. Овие две екипи играа во финалето од Интерконтиненталниот куп минатата година, а „кралевите“ тогаш без поголеми проблеми славеа со убедливи 3-0.
Предлог тип: 1-1 & 3+ (2.30)
6723 Салцбург – Ал-Хилал (00:00)
Интересен меч се очекува и од Салцбург и Ал-Хилал. Австријците со победа ќе го потврдат пласманот во осминафиналето, но Ал-Хилал откако одигра нерешено против Реал Мадрид, сега е фаворит за победата, што може дополнително да ги компликува работите во оваа група. Затоа, најсигурната опција е да се одигра „гол-гол“ и да се ужива во ефикасен фудбал.
Предлог тип: ГГ и 3+ (1.75)
6736 Манчестер сити – Ал-Аин (03:00)
Манчестер сити е голем фаворит во мечот против Ал-Аин од ОАЕ, па после победата над Видад Казабланка од 2-0, со нов триумф, избраниците на Пеп Гвардиола ќе го потврдат пласманот во следната рунда. Се очекува Манчестер сити и Јувентус да одлучуваат за првото место во оваа група во последното коло во меѓусебен дуел, па „граѓаните“ ќе мора да победат што поубедливо за на крајот да им одговара и нерешено.
Предлог тип: 1 & 4+ (1.97)
6743 Германија У21 – Италија У21 (21:00)
Европското младинско првенство е во самиот финиш и веќе се играат четвртфиналните натпревари, а еден од најинтересните е оној помеѓу Германија и Италија. Германците на последните два дуели одиграа со голови во двете мрежи, а таков беше случајот и на последниот меч на Италија, па очекувањата се дека ќе има „гол-гол“ и на нивниот меѓусебен дуел.
Предлог тип: ГГ & 1+I & 1+II (2.08)