Домаќините нема да загубат на дербито во Грција, голови ќе има во Турција

1981 Панатинаикос – Арис (20:30 ч.)

Дуел на екипите од Атина и од Солун секогаш е дерби. Ова е меч на две од трите екипи со најдобри одбрани. Панатинаикос дома има шест победи, реми и само еден пораз во осум меча.

За тоа дека головите се вистинска реткост кога играат овие ривали, потврдува и традицијата. На 17 од последните 21 меѓусебен меч немало повеќе од два гола на меч, а дури 12 пати немало повеќе од еден погодок.

Предлог тип: 1Х&0-2 (1.68)

 

1092 Челзи – Тотенхем (20:45 ч.)

Еден меч решава за тоа кој тим ќе игра во финалето на Лига купот. Челзи има проблеми откако Лукаку се скара со тренерот Тухел, првиот голман Менди има репрезентативни обврски, а Вернер уште е болен.

Челзи во есенскиот дел убедливо со 3:0 го победи Тотенхем, и тоа на гости, но сега се игра за куп-трофеј, а тука мотивот е поинаков и двете екипи ќе атакуваат.

Предлог тип: 1-3 I& 1-3 II (2.04)

 

1968 Бешикташ – Анталијаспор (18:45 ч.)

Меч за трофеј, односно за тоа кој ќе биде победник во Суперкупот на Турција. Бешикташ ја има улогата на фаворит и во последните 10 меча со овој ривал има шест победи, две нерешени и само два порази.

Головите се како „магнет“ кога играат овие ривали, па на последните 11 средби секогаш имало барем по два погодоци, дури осумпати било гол-гол, а шестпати било ГГ3+.

Предлог тип: ГГ3+ (2.16)

 

1367 Алкојано – Реал Мадрид (21:30 ч.)

Третолигашот има шанса да игра против Реал Мадрид, и тоа на свој терен. Алкојано игра многу дефанзивно и ретко дава голови, но има и добра одбрана. Сепак, кога им доаѓа Реал Мадрид на гости, јасно е дека тоа ќе биде фешта.

Делува неверојатно, но токму Алкојано во јануари минатата година го елиминира Реал во 16-финалето од Купот (победија со 2:1 по 120 минути игра), па сега ќе биде премногу да се случи уште едно чудо. Мадриѓаните ќе играат во комбиниран тим, но и тоа треба да биде доволно овојпат да не дозволи изненадување и елиминација од Купот.

Предлог тип: 1+I & 2+II (2.04)

 

1365 Мирандес – Рајо Вајекано (20 ч.)

Во последниве пет години овие две екипи играле шестпати, а дури петпати немало повеќе од три гола. Тоа биле дуели од втората лига. Мирандес има екипа која треба да обезбеди опстанок во Сегунда дивисион и за следната сезона.

Рајо Валјекано е едно од најпријатните изненадувања сезонава и сигурно дека гостите нема да дозволат да бидат изненадени и да претрпат рана елиминација во Купот.

Предлог тип: Х2&0-3 (1.50)

- Оглас -

Најнови вести