Реал Мадрид направи лоша математика и можеби ќе тргне по стапките на Барса

Реал Мадрид пред неколку дена објави дека нема потреба да ги намалува платите на фудбалерите, кошаркарите и останатите околу 400 вработени во клубот, но сега некои шпански медиуми најавуваат нешто друго. Информациите се дека во Реал направиле лоша математика и сега се свестиле дека и тие ќе мора да ги скратат примањата на играчите.

Поради пандемијата, и во Реал трпат големи загуби, па иако финансиската состојба во клубот е стабилна, привремено намалување на платите ќе биде неминовна мерка. Барселона веќе направи таков чекор, на Меси и другарите им ги скрати платите дури за 70 проценти.

Кралскиот клуб минатата година ја заврши со плус 156 милиони евра во касата, но сега не може да сметаат на парите од ТВ-правата и можеби ќе треба да донесат непопуларни мерки. Ако им е за утеха, нема да треба да кратат плати дури за 70 отсто како ривалот Барса, туку доволна заштеда би била ако вработените во Реал би земале помали плати само за 10 проценти.

- Оглас -

Најнови вести