Реал Мадрид не е како Барселона, Ливерпул не мрдна од НУЛА, Борусија го има посакуваниот резултат

Ливерпул напаѓа, но не успеа да ја затресе мрежата на голот на Реал Мадрид по првите 45 минути на дуелот на „Енфилд роуд“. Реал има предност од 3:1 по првиот меч во Мадрид и сега на Кралевите им остануваат уште едно добро полувреме за да бидат во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Англискиот гигант имаше неколку добри шанси, а најсериозна беше таа на Мохамед Салах во втората минута, кога одбрани Куртоа. Ливерпул уште верува дека може да го повтори подвигот од пред две години, кога домаќините бркаа 0:3 против Барселона и на крајот славеа со 4:0. Сепак, засега Реал Мадрид одлично ја брани предноста од првата средба.

Во вториот вечерашен меч, Борусија Дортмунд со голот на тинејџерот Џуд Белингем води со 1:0 против Манчестер сити. Ако се знае дека Граѓаните првиот дуел го добија со 2:1, моментниот резултат е 2:2, но Милионерите од Дортмунд се во предност поради погодокот даден на туѓ терен.

Погодокот на Борусија може да го видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести