Реал Мадрид не носи нови играчи, туку нови спонзори кои плаќаат вистинско богатство

Реал Мадрид во зимскиот преоден рок не донесе ниту едно засилување, но затоа се договори со нов спонзор кој до врв ќе ја наполни Кралската каса.

Според весникот „Ас“, кој е близок до Реал, утре претседателот на Кралевите, Флорентино Перес, ќе објави дека се договорил со технолошкиот гигант од САД, „ХП“ да биде еден од главните спонзори на тимот.

https://twitter.com/i/status/1752995215160582318

Реал Мадрид од следната сезона ќе има загарантирани 260 милиони евра од трите главни спонзори. Производителот на спортска опрема „Адидас“ годишно му плаќа на Реал 120 милиони евра, додека соработката со „Флај Емирати“ им носи 70 милиони, колку што во касата ќе се слеваат и од „ХП“ секоја година.

Логото на „ХП“ ќе биде на ракавите на дресовите на Реал Мадрид, додека на предната страна останува „Флај Емирати“.

Навивачите со новата финансиска инјекција очекуваат Перес налето со сите сили да тргне по потписот со Килијан Мбапе или со Ерлинг Халанд.

- Оглас -

Најнови вести