Златната топка од 2024 година, Родри, поради кого од Реал Мадрид ја бојкотираа манифестацијата, треба да биде новата голема ѕвезда која ќе пристигне на „Сантијаго Бернабеу“.
Кралевите срамежливо најавуваа дека го посакуваат фудбалерот од средниот ред, но не испратија официјална понуда. Сепак, се чини дека работите се менуваат, а од Реал Мадрид планираат и официјално да го купат фудбалерот на Манчестер сити.
Иако договорот му истекува летото 2027 година, сепак од Реал Мадрид планираат да понудат дури 150 милиони евра за неговите услуги.
Ваквата понуда, па и трансфер може да се реализираат уште оваа зима доколку од Манчестер сити се согласат на ваква зделка.
Сепак, раководството на Граѓаните веројатно ќе се обиде прво да го продолжи договорот со Шпанецот, а дури потоа да размислува за продажба само да спречи негово евентуално заминување како слободен фудбалер за две години.