Шпанскиот гигант Реал Мадрид донел одлука да не му понуди нов договор на искусниот дефанзивец Антонио Рудигер.
Договорот на 32-годишниот германски репрезентативец истекува на крајот од сезоната, по што ќе стане слободен играч.
Рудигер беше клучен дел од одбраната на Кралевите во последните две сезони под водство на Карло Анчелоти, но изгледа дека новиот тренер, Чаби Алонсо, не го гледа како дел од своите идни планови.
Се разгледува можноста за негова продажба уште летово или во јануари, но тоа ќе зависи од квалитетот на понудите што би пристигнале на „Сантијаго Бернабеу“.