Реал Мадрид нема шутнато пенал уште од претходното Ел Класико, затоа квотата за пенал е одлична

Поминаа дури 23 кола во шпанското првенство, во кои не е досуден пенал за Реал Мадрид. Иако навивачите на Барселона често критикуваат дека судиите во Шпанија го фаворизираат мадридскиот клуб, фактите сезонава се поинакви.

Реал нема изведено пенал уште од 24-ти октомври, кога гостуваше кај неговиот вечерашен противник. И за тој пенал кој беше направен над Серхио Рамос и истиот играч го претвори во гол, се гледаше снимка во ВАР собата. Од тогаш, Реал одигра 23 меча, а ниту еднаш не шутираше од белата точка.

Имаше десетина спорни ситуации во кои Кралевите бараа да им се додели пенал, но ништо. Шпанскиот рекорд на немање пенали откако се воведе ВАР, го држи Рајо Валјекано со 28 кола по ред без изведен пенал. Ако вечер има пенал за Реал, нема да го шутира капитенот Рамос, бидејќи тој е на листата на повредени, туку најверојатно Карим Бензема кој е убедливо прв стрелец во тимот на Зинедин Зидан.

- Оглас -

Најнови вести