-1.2 C
Skopje
четврток, 18 декември 2025

Реал Мадрид нуди 50 милиони евра за новото „чудо од дете“ од Бразил

Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид активно ја планира својата иднина и го насочи вниманието кон еден од најперспективните млади фудбалери во Бразил, Рајан од Васко де Гама.

Кралскиот клуб е подготвен да излезе со сериозна понуда од околу 50 милиони евра за да го обезбеди потписот на талентираниот офанзивец.

Со своите настапи во дресот на Васко де Гама, Рајан го привлече интересот на бројни европски гиганти, но во овој момент Реал Мадрид важи за најреална и најатрактивна опција за неговиот развој.

Се верува дека понудата од 50 милиони евра би била доволна за раководството на Васко де Гама да даде зелено светло за трансферот.

- Оглас -

Најнови вести