8.8 C
Skopje
петок, 19 септември 2025

Реал Мадрид одби да му даде плата на Винисиус колку што заработува Мбапе

Реал Мадрид нема намера да му ја понуди на Винисиус јуниор иста плата како Килијан Мбапе, што само ги поттикнува шпекулациите дека Бразилецот би можело да го напушти клубот пред да му истече договорот во 2027 година.

Преговорите за нов договор меѓу Винисиус и Кралскиот клуб се во застој со месеци, а бразилсата ѕвезда бара сериозно зголемување на платата – барање кое раководството на Мадрид категорично одбива да го одобри, објавува „Мундо депортиво“.

Винисиус моментално добива 15 милиони евра нето годишно. Според информациите, тој сака исти услови како и новодојденецот Килијан Мбапе. Французинот има и основна плата од 15 милиони евра нето, но по додавањето на неговиот годишен бонус од 8 милиони евра, вкупната сума достигнува 23 милиони евра по сезона.

Менаџментот на Кралевите ова го смета за претерано, особено со оглед на променливата форма на Винисиус во сезоната 2024/2025. Бразилецот постигна 22 гола на 58 натпревари во сите натпреварувања.

Во меѓувреме, „Кадена СЕР“ објави дека претседателот на Реал, Флорентино Перес, веќе идентификувал можна замена за Винисиус доколку тој си замине. Ѕвездата на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, останува главна цел.

- Оглас -

Најнови вести