Борха Мајорал повторно ќе игра за Леванте, откако Реал Мадрид немаше место во составот за актуелниот европски првак за играчи до 21 година.
Мајорал летово се врати во Реал, бидејќи му заврши договорот за позајмица во Леванте, но повторно не успеа да се наметне кај Зинедин Зидан и пак се враќа во клубот од Валенсија на нова позајмица.
Одличниот напаѓач летово успеа да се закити со златниот медал како член на младата шпанска селекција на ЕП за играчи до 21 година. Играше многу солидноз а Леванте во минатата сезона во Ла Лига и на 33 натпревари постигна 7 голови.
Но, ниту успехот со младата селекција на Шпанија, ниту добрата сезона во Леванте не го убедија Зидан да го вклучи Мајорал во експедицијата што беше на подготовки во Америка, па Борха по кус престој во клубот со кој има договор, одлучи да се врати во Леванте.