Будуќност забележа вредна победа, една од најважните во историјата на клубот, а во Подгорица вечерва падна Реал Мадрид, актуелниот првак на Европа.
Со извонредна игра црногорскиот шампион успеа да го надигра фаворитот и славеше со 73:60.
Меѓу екипите од овие простори што го имаат победено великанот од Шпанија е и составот на МЗТ Скопје, кој успеа да слави во 1996 година во Аеродром со 69:68.
Вечерва во Подгорица повторно имаше еуфорија, а трилингот Кол, Битаѕе и Кларк беа најзаслужни за блескавиот триумф на Будуќност против најтрофејниот европски клуб.
Претходно Анадолу Ефес лесно го доби турското дерби против Дарушафака со 82:62, а во Каунас Жалгирис го победи Панатинаикос со 82:69.