Реал Мадрид победи со 31:0, поразениот тим лут поради „тортурата“

Тимот на Реал Мадрид за деца до 9-годишна возраст се најде во центарот на вниманието поради резултатот од последниот дуел. Децата на Реал во дуелот против САД Вилјаверде Сан Андрес победија со неверојатни 31:0, во меч кој трае 40 минути. Поразената екипа беше револтирана од односот на домаќините и упати соопштение.

„Ја изразуваме нашата огорченост поради ваквите ситуации во младинскиот фудбал. Прво, големите клубови треба да користат стратегија како би ги избегнале овие понижувачки резултати, а како второ, Шпанскиот фудбалски сојуз треба да направи реконструкција на фудбалот во младинските категории“, стои во соопштението од тимот на САД Вилјаверде Сан Андрес.

Фудбалот во младинските категории во Шпанија секогаш бил насочен кон учење и развивање на вештината, па затоа и нè чуди овој начин на реакција од поразениот тим.

Во знак на почит кон ривалот, Реал Мадрид реши да не го објави резултатот на својата официјална страна, но штетата веќе е направена и Кралскиот клуб сега трпи критики поради овој неспортски однос.

 

- Оглас -

Најнови вести