Реал Мадрид потпиша со фудбалски џин висок 202 сантиметри

Реал Мадрид во своите редови доведе уште еден украински голман. По Андреј Лунин, кој сезонава има значајна улога и бранеше дури на 13 меча, на „Сантијаго Бернабеу“ пристигнува талентираниот 17-годишен Илија Волошин.

Тинејџерот ,кој е висок 202-сантиметри, сезонава го брани голот на Рајо Махадаонда и во 11 средби успеа дури на осум да ја сочува неговата мрежа незатресена. Талентираниот висок голман со Реал Мадрид потпиша договор до јуни 2026 година.

Овој млад голман првично ќе биде дел од јуниорскиот тим на Реал Мадрид затоа што кај сениорите се повредениот Тибо Куртоа, потоа Кепа Аризабалага, кој е дојден како позајмен од Челзи, како и Андреј Лунин.

- Оглас -

Најнови вести