Реал Мадрид се интересира за хрватската сензација во Ла Лига

Хрватскиот интернационалец Лука Сучиќ е хит на стартот од сезоната во Ла Лига. Тој одлично го започна шампионатот во дресот на Реал Сосиедад. Офанзивниот хрватски играч за врска пристигна летово од Салцбург во трансфер вреден 10 милиони евра и досега има седум настапи и еден гол за баскискиот клуб.


Со фантастичниот гол во ремито против Атлетико Мадрид (1-1), тој го привлече вниманието на јавноста, но и на европскиот првак Реал Мадрид.

Се наведува дека тој моментално е еден од најдобрите играчи во Ла Лига, што поттикна гласини за неговата иднина.


„Реал бара играчи кои ќе ја завршат генерациската промена во средниот ред“, пишуваат шпанските медиуми, сметајќи дека Сучиќ би можело да биде наследник на неговиот сонародник Лука Модриќ (39), чиј договор истекува на крајот на сезоната.

- Оглас -

Најнови вести