Реал Мадрид се пофали со трансферот на најмладиот дебитант во репрезентацијата на Аргентина

Реал Мадрид и официјално потврди дека е потпишан договор со 17-годишниот аргентинец, Франко Мастантуоно. Фудбалерот официјално ќе стане играч на Реал Мадрид на 14-ти август оваа година, кога Мастантуоно ќе наполни 18 години, па затоа нема да биде дел од составот на „кралевите“ за настапот на Светското клупско првенство.

Мастантуоно со Мадрид се сели од Ривер плата за сума од 30 милиони евра, а договорот со „кралевите“ е со важност од шест години, односно до 2031.

17-годишниот фудбалер неодамна дебитираше за репрезентацијата на Аргентина, со што стана најмладиот дебитант во историјата на „гаучосите“.

- Оглас -

Најнови вести