Црвена Ѕвезда вечерва не успеа да приреди сензација во „Штарк Арена“. Српскиот шампион беше поразен од европскиот гигант Реал Мадрид со 72-78 и направи чекор назад во трката за директен пласман во четвртфиналето од Евролигата.
Мечот за Црвено-белите започна катастрофално. Првата четвртина беше вистински кошмар – Ѕвезда постигна само девет поени, додека мадриѓаните лесно стигнаа до убедлива предност од 22-9.
Иако домаќините успеаја да се разбудат во продолжението и да го кренат нивото на игра, почетниот шок се покажа како пресуден. Црвена ѕвезда се доближи, но не доволно, а Реал знаеше како да го контролира ритамот и на крајот славеше со пет поени разлика.
Кај Кралевите, Еди Тавареш запиша 14 поени, а Кампацо диригираше со играта. За Ѕвезда блескаше Милер-Мекинтаер со дури 24 поени, но неговиот блесок не беше доволен за победа.
Во другите натпревари од денешната програма, Анадолу Ефес триумфираше над Макаби Тел Авив со 90-88, а Фенербахче беше подобар од Басконија со 82-77. Виртус ја „размонтира“ Алба со убедливи 109-64.
Париз приреди изненадување во Атина и го победи Панатинаикос со 98-101. Расположениот Ти Џеј Шортс кој средбата ја заврши со дабл-дабл од 20 поени, 14 асистенции и девет скокови.