Реал Мадрид забележа убедлива победа од 4-0 на домашен терен против Валенсија, па сега имаат +8 пред Барселона, но и седум поени повеќе од второпласираниот Виљареал.
„Кралевите“ го отворија резултатот преку Килијан Мбапе од пенал во 19-тата минута, а Французинот погоди и за 2-0 во 31-вата минута.
Во 43-тата минута Винисиус не реализираше пенал, а само една минута подоцна Белингам погоди за 3-0. Конечните 4-0 ги постави Алваро Карерас во 82-рата минута.

