17.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Реал Мадрид уште има проблеми со снегот, Кралевите донесоа одлука

Откако не успеа да ја победи Осасуна, Реал Мадрид остана заглавен во Памплона. Лошото време и снегот кој падна во текот на викендот парализираа голем дел од сообраќајот во Шпанија, па ниту Кралскиот клуб не успеа навреме да си замине од гостувањето во Памплона.

Проблемот не беше во аеродромот во Памплома, туку на аеродромите во Мадрид кои беа затворени за сообраќај. Затоа челниците на Реал решија наместо да чекаат да се вратат во Мадрид, кралевите од Памплона директно да отпатуваат во Малага, каде што на 14 јануари ги очекува дуел против Атлетик Билбао во полуфиналето од Суперкупот на Шпанија.

Тренерот на Реал, Зинедин Зидан, се жалеше дека неговиот тим против Осасуна не победил поради лошото време и замрзнатиот терен, но интересно е дека неговиот играч Тони Крос целата вина ја насочи поради слабата игра на фаворитот на теренот. 

- Оглас -

Најнови вести