Не треба толку да „плачат“: Крос им контрираше на Зидан и Куртоа

Реал Мадрид освои само еден бод, иако беше голем фаворит за победа на гостувањето кај Осасуна. По овој кикс Кралевите останаа на второто место на табелата зад Атлетико Мадрид кој има одиграно и три меча помалку.

Тренерот Зинедин Зидан по мечот изјави дека воопшто не смеело да се игра на таков терен и дека средбата морало да биде прекината. Изјавата на Зидан може да ја прочитате ТУКА.

Со тренерот се сложува и голманот Тибо Куртоа, кој вели дека мора некогаш да се застане во заштита на фудбалерите.

„Го направивме тоа што од нас се бараше. Го одигравме мечот, затоа што велеа дека ако не допатуваме, службено ќе загубиме. Не сме кукли кои секогаш мора да играме. Мора да се размисли повеќе околу патувањата, затоа што потоа треба и да се вратиме безбедни дома“, рече Куртоа.

За разлика од Куртоа и Зидан, германскиот интернационалец Тони Крос, вината за неуспехот да се освојат трите бода ја бара во сопствените редови, а не во временските непогоди.

„Создадовме неколку шанси, но моравме да одиграме подобро. Теренот беше тежок за игра, но ние знаевме дека Осасуна цел меч ќе се брани како во бункер. Теренот не смее да биде алиби затоа што е ист за двете екипи. Не смееме да бидеме задоволни од овој резултат. Мораме да бидеме први на табелата, а со вакви резултати тоа нема да го постигнеме“, рече Крос.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести