Реал Мадрид втор меч по ред не може да постигне гол

Бетис и Реал Мадрид одиграа без голови во меч од 24. коло во Примера дивисион. Со овој освоен бод, Бетис остана на петото место на табелата со шанса да се бори за место кое води во Лигата на шампиони, додека Реал Мадрид направи два чекори наназад во трката со Барселона, за титулата. Кралскиот клуб сега е девет бодови зад лидерот во шпанското првенство.

Во првото полувреме Реал Мадрид постигна гол и тоа од слободен удар на Карим Бензема, но по реакција на ВАР системот, радоста на гостите беше скратена. Во првото полувреме, Реал не упати ниту еден директен удар кон рамките на голот на Бетис, но тоа се смени во вториот дел.

Кралевите во второто полувреме заиграа многу понапаѓачки, имаа шанси, но сепак не постигнаа гол. Ако се знае дека пред четири дена Реал не даде гол ниту против Барселона во поразот 0:1 од Купот, тоа може да е знак дека шпанскиот гигант влегува во мини реализаторска криза.

 

- Оглас -

Најнови вести