Бензема постигна супер гол од слободен удар, но радоста му ја скрати ВАР системот (Видео)

Бетис и Реал Мадрид играат без голови во дуел од 24 коло во шпанското првенство, а во 12 минута се случи една интересна ситуација. Беше досуден слободен удар за Реал Мадрид, а Карим Бензема се намести да шутира.

Голгетерот на Реал одлично шутираше, а топката заврши во мрежата на домаќините. Сепак, траеше кратко радоста на Бензема и останатите гостински фудбалери и навивачи.

По сигнализација од ВАР собата, беше потврдено дека топката на патот кон голот, прво удрила во рака на еден фудбалер на Реал Мадрид, па погодокот оправдано беше поништен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести