Реал мора да се засили во јануари – Се подготвува спектакуларна понуда за Стерлинг

Реал Мадрид со сите сили ќе се обиде да го доведе Рахим Стерлинг од Манчестер сити. Според „Скај спорт“, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, е подоготвен да плати 70 милиони фунти и плус да го даде Герет Бејл за да го доведе на „Сантијаго Бернабеу“ англискиот репрезентативец.

Кралскиот клуб веќе подолго време се обидува да се ослободи од Бејл, но засега Велшанецот останува во Мадрид. Бејл има искуство од играње во Премиер лигата бидејќи пред да дојде во Реал, играше во Тотенхем. Офанзивата на Реал за доведување на Стерлинг е во тоа што играчот има само уште една година од договорот со Сити и шансата за шпанскиот гигант е сега да успее за помала сума да го доведе еден од најдобрите крилни играчи во светот.

 

- Оглас -

Најнови вести