Реал може да го загуби и второто место, му се заканува одземање бодови! (Фото)

Реал Мадрид со победата над Хетафе и поразот на Атлетико Мадрид од Елче се врати на втората позиција на табелата во шпанската Ла Лига. Но, сега постои можност да ги загуби бодовите што ги освои против Хетафе бидејќи нивниот градски ривал и официјално поднесе жалба за овој натпревар до Фудбалската федерација на Шпанија.

Хетафе се жали за неправилна замена на овој натпревар во 84-тата минута. Најавено беше дека во игра влегува Алваро Одриосола на местото на Марко Асенсио. Сепак, во тој момент се повреди Камавинга и тој го напушти теренот, а Асенсио остана во игра.

https://twitter.com/Somhiseremfcb/status/1658785360397172737?s=20

Токму ова е и причината за жалбата на Хетафе, од каде што тврдат дека на теренот играл играч кој веќе бил заменет. Реал Мадрид има три дена да ја каже својата страна за ситуацијата, по што ќе биде донесена и конечна одлука.

Доколку Хетафе успее да дојде до бодовите на зелена маса, тоа за нив може да значат и бодови за спас бидејќи во моментов се наоѓаат во зоната за испаѓа, со бод помалку од екипите кои се над цртата.

- Оглас -

Најнови вести